Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика соопштува дека утре,  23-ти мај 2014 година (петок) е Националниот ден на Власите и истиот е неработен ден за припадниците на влашката заедница.

Македонските Власи или Власите во Македонија се уставно признато малцинство. Нивната бројност според последниот попис е околу 0,48% од вкупното население на Македонија.

OhridNews