На 14-ти септември, сабота, на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“ и Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ ќе се одбележи Светскиот ден на прва помош. Во периодот од 10 до 12 часот тимовите на парамедици на Црвен крст Охрид ќе презентираат знаења и техники за укажување прва помош при различни повреди.

  • И оваа година со посебно внимание се фокусираме на одбележувањето на овогодинешниот Светски Ден за Прва помош (14 септември), ден за промовирање на знаењата и вештините за првата помош, за придонес во промените за проширување и подобрување на обуките за првата помош како хуманитарен чин и клучна компонента за еден посовремен и поширок пристап, велат од општинскиот Црвен крст.

Црвен крст Охрид како едно од своите приоритетни залагања го има ширењето на знаењата и вештините за укажување на прва помош со цел тие да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди. Поседувањето на вештини за укажување на прва помош ги зголемува индивидуалните капацитите на секој човек за преземање на брза акција за намалување или стабилизирање на сериозни повреди и ги зголемува шансите за преживување на повредениот.