Со цел обезбедување на доволни количества крв и крвни продукти за потребите на пациентите во здравствените установи во Охрид во летниот период, Црвен крст Охрид организира крводарителска акција која ќе се реализира на 26-ти јуни, вторник, во просториите на ОСУ „Св.Климент Охридски“-Гимназија во периодот од 9 до 13 часот.

Се покануваат сите сограѓани кои сакаат да ја искажат својата хуманост, дарувајќи ја драгоцената течност, да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција.

OhridNews