По повод одбележувањето на Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во сабота од 10 до 15 часот ќе се реализира голема крводарителска акција  на платото помеѓу СО Спорт Лајф и ТЦ „Амам“.

Акцијата се организира од страна на општинскиот ЦК во соработка со Одделението за трансфузиона медици од Охрид, а со поддршка и помош на спортската обложувалница.

Настанот ќе биде проследен со хепенинг и презентација на активностите на Црвениот крст Охрид од страна на младите активисти, а за забавниот дел ќе се погрижи поп пејачката Еленеа Ристеска и охридските музички имиеа.

За најсреќните десет крводарители кои ќе бидат извлечени во наградната игра, спортската обложувалница „Спорт лајф“ обезбеди вредни награди, а за сите дарители на драгоцената течност, подарок.

OhridNews