Агенцијата за катастар на недвижности ги информира граѓаните и професионалните корисници (нотари, геодетски компании, извршители општини и др.) дека на 1- ви декември (вторник) како и на 7- ми декември (понеделник), електронскиот шалтер како и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност – Скопје како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија нема да бидат во можност да примаат барања како и да издаваат податоци.
Од Агенцијата за катастар на недвижности потенцираат дека следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе се изврши надоградба на електронскиот систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата. Додаваат дека по надоградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти,ќе се зголеми безбедноста на податоците и ќе се подобри брзината на решавањето на предметите и издавањето на податоците.
OhridNews