
Јавната презентација ќе ја одржат стручните лица –изготвувачи на Нацрт-планот во големата сала на општинската зграда со почеток во 12 часот, соопшти локалната самоуправа.
Опфатот на овој Нацрт-ДУП чија површина изнесува 42,70 хектари, се улиците: „Илинденска“ , „Кирил и Методиј“, „Абас Емин“, „Туристичка“, „Пирин Планина“, дел од „ Васил Стефоски“, реката „Грашница“ и Охридски Езеро.
Согласно законската процедура и после јавната презентација граѓаните ќе можат да ги изнесуваат своите забелешки по Нацрт-ДУП до крајниот рок (20. март), а анкетни листови подоцна ќе се разгледаат од страна на стручна комисија, информираше локалната самоуправа.












