Утре, 4- ти март, во малата општинска сала со почеток во 14 часот ќе се одржи јавна расправа по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за ДУП за УЗ 4, дел од УБ 4.7 – опфат 2, Општина Охрид, плански период 2014-2019 година.
Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење, забелешки и предлози по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќаат и по пошта на следната адреса Општина Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 57 Охрид.
Нацрт извештајот за Стратегиска оцена за влијанието на животната средина ќе биде изложен во Одделението за заштита и влијание на животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 до 16 часот до 09.03.2016 год.
OhridNews