– Со приказ на македонската историја низ вековите и со својата мултифункционалност, „Портата Македонија“, ќе биде нова туристичка атракција за сите граѓани и посетители на нашата земја, велат од министерството.
Како што и беше најавено, портата која претставува вовед кон централното градско подрачје е првиот објект што Министерството за култура го промовира во новата 2012 година.
На самата фасада се прикажани мотиви од македонската историја и традиција. Во нејзината внатрешност има галериски простор на две нивоа, а на горниот дел од портата Македонија има платформа за набљудување, на која може да се стигне со лифт или скалила.