Овогодинешниот општински натпревар на оваа сообраќајна воспитно – образовна манифестација ќе се одржи во ОУ „Св. Климент Охридски“ и се состои од два дела: теоретски дел – познавање на сообраќајните знаци, правила и прописи со решавање на тестови, што ќе се одржи во училиштето со почеток во 09:00 часот и практичен дел – вешто возење со велосипед на уреден полигон, што ќе се одржи во училишниот двор (на отвореното спортско игралиште) со почеток околу 11:30 часот.
Општинскиот натпревар претставува продолжение на веќе започнатите овогодишни програмски активности на ОСБСП за унапредување на сообраќајно – техничката култура на учениците и најмладите учесници во сообраќајот во нашата општина. Организаторот на општинскиот натпревар – ОСБСП за најдобрите и највештите натпреварувачи обезбедни пригодни награди и подароци. ОСБСП ги повикува сите вљубеници во велосипедизмот и во рекреативното возење со велосипед во Охрид да ја збогатат оваа манифестација со своето присуство и да ги бодрат младите натпреварувачи – ученици од основните училишта, во нивната намера да постигнат што подобри резултати на општинскиот натпревар.