Сабота во охридската населба „Гоце Делчев“, ќе се организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.).

Како што информираат од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, граѓаните кои живеат во овој дел на градот, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.„Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

OhridNews