Од Ј.П.”Охридски Комуналец” информираат дека утре, 5- ти април, се  организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  од урбана заедница 1 „Стар Град“.

Се молат граѓаните кои живеат во овој дел од градот, доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.”Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Со оваа акција започнува пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад на јавното претпријатие. Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2014 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот.

OhridNews