
Оваа акција е дел од проектот „Развој на локално младинско учество и локални младински политики“ на Младински образовен форум и Центарот за меѓукултурен дијалог, финансиран од Европската Унија.
На настанот ќе има табла на која младите ќе можат да лепат стикери со проблемите со кои се среќаваат. Дополнително, ќе биде спроведена анкета за тоа колку младите се застапени на локално ниво, исто така на самиот влез ќе се делат разгледници со младински пораки. Преку овие активности младите ќе имаат можност да ја покажат својата креативност, но и да кажат што тие посакуваат во општината во која живеат.
Целта на овој настан е да им понуди на младите канал преку кој ќе можат да го кажат своето мислење и потреби кон општината, да ја промовира потребата од локално младинско здружување и да ги позиционира младите како релевантен фактор во процесите на донесување на одлуки кои ги засегаат.
Проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини“ е насочен кон младите луѓе, младинските организации и сите форми на младинско здружување и локалната самоуправа. Главната цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на донесување на одлуки. Проектот вклучува соработка со локалните самоуправи, локални акции и јавен процес на основање Локални младински совети, со поддршка од локалната самоуправа во 12 општини, а е финансиран од Европска Унија.
OhridNews












