Утре во Охрид ќе биде реализирана националната кампања „До вас, за вас“ која има превентивен карактер и претставува форма за приближување на полицијата до граѓаните и е во рамките на концептот „Комјунити полисинг- Работа во заедницата“.

На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ за посетителите ќе бидат изложени дел од опремата, возилата и другите материјално технички средства што ги користат полициските службеници при извршувањето на секојдневните задачи. Целта на кампањата е подигнување на јавната свест за зголемена јавната безбедност во заедницата, спроведување на едукативни и интерактивни активности со граѓаните поврзани со превенција и сузбивање на разните форми на криминал и сл., посочуваат.
Кампањата е од отворен тип и истата заедно со вежбовните активности, граѓаните ќе можат да ги следат и да учествуваат од 18:30 часот на градското пристаниште и градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид.
OhridNews











