Оваа одлука, од страна на локалната самоуправа, е донесена поради обилните врнежи од снег и ниските температури кои деновиве го зафатија Охрид и околината.
Како ќе се одвива наставата во наредните денови ќе зависи од временските услови.
Од локалната самоуправа информираат дека се располага со доволни количини нафта за греење и дека и покрај ниските температури, наставата ќе се следи во топли и загреани училници.