Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, утре, 8-ми април (четврток), е Меѓународнен ден на Ромите. Овој празник е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.
Меѓународниот ден на Ромите, како официјален празник е прогласен во 1992 година од Обединетите нации и Европската Унија, по предлог на ромската меѓународна организација „Романо јунион“.












