Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија утре, 02 април 2010-та година (Велики Петок) е неработен ден за сите верници со православна вероисповед.
Воедно Министерството соопштува дека поради Државниот празник Велигден, кој се прославува на 4 април, недела, за неработен ден се прогласува Вториот ден Велигден, односно 5 април 2010-та година (понеделник). Овој ден е неработен за сите граѓани на Република Македонија.











