Охридските фирми, самостојните вршители на дејност и сметководителите кои сакаат да научат нешто повеќе за начинот на функционирање на системот за електронски данок, ќе може да бидат дел од обуката за е-Даноци што ќе се одржи утре на 23-ти април 2014 година, во Даночното одделение во Охрид.


На бесплатната обука која ја организира Даночната академија на Управата за јавни приходи, ќе бидат презентирани практични примери за користење на е-услугите во делот на даночната регулатива. Сите заинтересирани кои сакаат да земат учество на оваа обука треба да се пријават кај организаторот најмалку два дена пред нејзиното одржување.

УЈП до сега организираше неколку вакви обуки во Охрид.

OhridNews