По повод 9- ти мај Денот на Европа, утре, во Охрид во организација на локалната самоуправа, а во соработка со Делегацијата на ЕУ, ќе се одржат низа активности.

Во рамки на одбележувањето, предвидено е свечено отворање на ЕУ Инфо точката во Охрид, на кое ќе присуствуваат и амбасадорот на Кралството Шведска и амбасадорот на Кралството Холандија.

Пригодна свеченост ќе се одржи и на градскиот плоштад, каде настап ќе има хорот при ОСУ  “Св. Климент Охридски” кој ќе ја изведе “Одата на радоста” и “Химната на Македонија”, а пред присутните ќе настапат и КУД “Ѓердан“, ученици од училиштата во Охрид кои ќе изведат музички точки, КУД “Охриѓанка“, групата “Бацк Доор Банд”, а ќе се одржи и ликовна работилница на која ќе учествуваат учениците .