Во предворјето на црквата „Св. Софија“ од утре до 18-ти јуни ќе се одржи осмото издание на Аматерскиот младински театарски фестивал „Вдиши театар“.

Програмата започнува утре со почеток во 21:00 часот. Театарската група при Црвен крст Охрид ќе ја одигра театарската претстава „Бара“- исповед на жртвите на еден систем и нивните животни предизвици. Сценариото и режијата се на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска и Јованска Сион Доленц. Играат: А. Мојсоска, А. Карали, Ѓ. Целески, К. Крежевска, К. Ристески и С. Јаковлева.

Во четврток театарската група при Црвен крст од Суботица, Србија, со почеток во 21 часот, ќе ја одигра претставата за врсничко насилство и последиците од него „Била је то само игра“ во режија на Марко Вујевиќ.

Во петок, 16-ти јуни, театарската група при Црвен крст од Крагуевац, Србија, ќе ја одигра претставата „Твоју грешку чекају“ од Татјана Џаковиќ, во режија на Лазар Јовичиќ.

Влезот е слободен, а фестивалот „Вдиши театар“ е поддржан од Општина Охрид.

OhridNews