Фестивалот за отворен ќе го прогласи амбасадорката на Франција во Македонија, Лоранс Оер, по што ќе следи проекција на филмот „Камиј повторува“ на Ноеми Лвовски.
Во Охрид фестивалот ќе продолжи од 28 до 30 јуни.
На 28 јуни, охридската публика ќе може да ги проследи филмовите „По мај“ од режисерот Оливие Асајас, „Ангела и Тони“ во режија на Аликс Делапорт и проекциите на краткометражни филмови.
На 29 јуни следуваат „Машкуданка“ на Селин Шјама, „Во куќата“ на Франсоа Озон и „Младешка љубов“ од режисерот Миа Хансен.
На 30 јуни е предвидено свеченото затворање на фестивалот со проекција на филмот „Последна изборна кампања“ што ќе се изврши во присуство на режисерот Бернар Стора.
Како што истакнуваат организаторите, и годинава целите на фестивалот остануваат исти: прикажување на француската кинематографија на балканските простори, понуда на најдобрите француски филмови од најнова продукција и дебати со гостите по проекциите.