Со филмот „Пепелашка“, во режија на Уве Јансон, утре, во Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворен циклусот филмови од германска продукција кои ќе се прикажуваат во чест на јубилејните 200 години од првото објавување на збирката „Бајки за деца“ на браќата Грим.

Во рамки на циклусот „Волшебниот свет на браќата Грим“ ќе бидат прикажани филмовите:

„Пепелашка во режија на Уве Јансон и снимен 2011 год. (12.03.2013 – 14.03.2013)
„Масата, магарето и стапот“ на Улрих Кониг од 2008 год. (19.03.2013 – 21.03.2013)
„Госпоѓа Холе“ на режисерот Бодо Фурнајзен од 2008 год. (26.03.2013 – 28.03.2013)
Бременските музиканти“ режиран од Дирк Регел од 2009 г.(02.04.2013 – 04.04.2013)
„Снежана“ на Томас Фројнднер од 2009 год. (09.04.2013 – 11.04.2013)

Почеток на проекциите е 19.00 часот, а влезот ќе чини 60 денари.

OhridNews