Центарот за јавно здравје Охрид од утре, 16 октомври, почнува со вакцинирање на населението од општина Охрид, Дебрца, Струга и Дебар, против сезонски грип.

Вакцинирањето со вакцини произведени во Холандија, ќе се изведува во епидемиолошките амбуланти на Центарот за јавно здравје секој работен ден од 8 до 14 часот.

Вакцинацијата се препорачува за лица со хронични болести на срцето, белите дробови или бубрези, дијабетичари, на лица постари од 65 години, деца постари од 6 месеци, лица со ослабнат имунитет, вработени во јавни служби, здравствени, просветни работници, полиција и војска.

OhridNews