Утре прекин во водоснабдувањето на дел од корисниците на улицата „Гоце Делчев“ информираат од ЈП Водовод Охрид.

Поради неколку интервенции на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев“, на ден 01.07.2022 година  од 09:30 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев“, на потегот од „Дрвара“ до автокамп „Андон Дуков“, вклучувајќи ги и сите споредни улици од населбите Воска и Далјан, велат од претпријатието.

OhridNews