Утре во Охрид ќе биде презентиран Вториот јавен повик за доделување грантови за развој на социјалните услуги на локално ниво кој го спроведува Проектот за подобрување на социјалните услуги, имплементиран од Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Светска банка.

Од страна на претставници на Проектот за подобрување на социјалните услуги, пред претставниците на општините и невладините и граѓанските организации од Југозападниот плански регион, на настанот ќе бидат презентирани роковите и постапката за идно аплицирање за грантовите, а ќе бидат изнесени и бенефитите кои Проектот ги нуди за развој на социјалните услуги во локалните заедници за да се поттикне интересот на општините од регионот да се јават на Повикот, информираат од МТСП.

Настанот ќе се одржи во Големата сала на Oпштина Охрид од 12.00 – 14.00 часот.

OhridNews