Продолжението на 29-та седница на Советот на општина Охрид, која беше прекината поради усогласување на ставовите,  ќе се одржи утре, со почеток во 10 часот.


Предлог одлуката за давање согласност на одлуката за задолжување на ЈП „Охридски Комуналец“ со долгорочен кредит во Охридска банка, предлог одлуката за давање согласност на одлуката за утврдување на висината на надоместокот за „ Солидарен пакет- погребни услуги“, како и предлог одлуката за давање согласност на одлуката за отстапување на движни основни средства – транспортни средства, опрема и други основни средства од ЈП „Охридски Комуналец“ на ЈП „ Градски пазар“ , се само дел од точките на дневен ред на седницата .

OhridNews