Полагањето на интерните испити од државната матура ќе се одржи утре, 20.06 (понеделник) во 10 часот, со полагање на Англиски јазик (интерен), Германски јазик (интерен), Математика (интерен), Историја, Географија, и Бизнис.
Сите испити од интерниот дел на државната матура ќе се спроведуваат во гимназиската зграда.
Како што информираат од средното училиште Св. Климент Охридски, распоредот по простории за полагањата на 20.06 е истакнат на огласните паноа во гимназиската зграда. Кандидатите треба да бидат пред просториите најдоцна 15 минути пред отпочнување на испитот и со себе задолжително да носат документ за идентификација.











