Во КУЛТ културен центар, новото културно катче во центарот на Охрид утре, 29 јули, ќе биде промовирана поетската книга „Ткажалки“ од Александра Јуруковска.

Книгата, низ разговор со авторката, ќе ја претстави писателката и универзитетска професорка Мерсиха Исмајлоска, а стихови ќе чита Марија Филоска.

„Ткажалки“ е прва поетска книга на книжевната критичарка, новинарка и промоторка на културата, Александра Јуруковска, за која таа во 2025 година ја доби наградата „Даница Ручигај“ за најдобар необјавен поетски ракопси според Друштвото на писателите на Македонија.

„Ткажалки” е книга што нуди катарза, но и потсетување: дека зборот е единствената трага што може да ја победи минливоста – стои во образложението за наградата „Даница Ручигај“ на ДПМ.

OhridNews