Утре, 21 декември од 19 часот во ланџ бар „Долна порта“ ќе биде промовирано новото книжевно остварување на Марина Шикова Димовска, романот „Повторно роден“ – издание на ПНВ Публикации – Скопје.

Марина Шикова Димовска од Охрид дипломирала на Катедрата по Македонска книжевност и јужнословенски книжевности на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Нејзини раскази се објавувани во неколку книжевни списанија, а со куси раскази е застапена и во „Интимно со пандемијата“, збирка раскази од 17 автори (Креативна верига, 2021). 2022 година ја објавува својата прва книга – збирката раскази „Приказни од кујната“, по која следува збирката раскази за деца „Езерото ми раскажува“ и поетската збирка „Мое место“.
OhridNews











