Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ утре – петок во 12 часот познатиот македонски естраден уметник Петар Нечовски ќе ја промовира својата прва стихозбирка под наслов „Нотирана поезија“.

Песните во стих напишани од грло испеани се плод на близу педесетгодишната плодна естрадна кариера на Петар Нечовски обележана со низа фестивалски награди и турнеи низ светот.
Уживајте во оваа колекција на отпеана поезија, текстови инспирирани од различни периоди во мојата богата интерпретаторска кариера ќе напише Нечовски во книгата.
Промотор на стихозбирката ќе биде – рецензентот проф. д-р Менде Солунчевски од Битола. Издавач е „Ирис“ од Струга а корицата ја изработи синот на Петар, Благој Нечовски кој живее во САД.
OhridNews














