Утре ООУ „Христо Узунов“ од Охрид НУ Библиотека „Григор Прличев“ заедно ќе ја промовираат првата стихозбирка од Марија Тодороска под наслов „Соѕвездие во мислите на Марија“.

Марија Тодороска е ученичка во деветто одделение во ООУ „Христо Узунов“.Таа е нежна и чувствителна девојка и тоа е она што е одлика и на првите, но и на подоцнежните нејзини стихови.

Стихозбирката е составена од 18 песни со различни мотиви и еден краток предговор. Младата авторка мотивите ги црпи од секојдневието, од луѓето со кои е окружена, природата, градот… Се работи за детска поезија, без претерана стилска тежина, но повеќе содржинска (смисловна), велат одделенската наставничка Катерина Златева и наставничката по македонски јазик Христина Стојаноска. Тие двете го препознале и заедно со семејството го граделе талентот на Марија до мигот на издавањето на стихозбирката.

На промоцијата свои обраќања ќе имаат и в.д директорката на библиотеката Христина Трпеска и директорката на училиштето „Христо Узунов“ Марина Ѓоргоска.

Марија и нејзини соученици ќе читаат песни од стихозбирката а ученичките Ана Ническа и Драгана Блажеска ќе отпеат две песни со акустична гитара.

Настанот е со почеток во 12 часот во Прличевата одаја на библиотеката и е отворен за сите љубители на поезијата и творештвото на младите.

OhridNews