Утре, петок, 4 септември во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи промоција на творештвото на поетот Ендрју Риџвеј од Лондон, Велика Британија. Риџвеј зад себе има веќе седум поетски збирки и во дел од нив има песни сврзани со Охрид и Македонија, инспирирани од честите посети и контактите со луѓето и природата.

Но, преку нив не успеал во целост да се профилира во таа област. Случајно станал медицинско лице и цели 26 години е во таа професија. Неговиот влез во поетските води е во 2022 година. Во првата книга со поезија ги опишува личните искуства од работата во одделот за интензивна нега за време на „ковид – пандемијата“, и општо за животот во времето на карантините.
Пишувањето на оваа книга ми помогна да излекувам некои од емотивните рани со кои се здобив тогаш, вели тој.

Заедно со сопругата Маја Трајковска, Риџвеј е коавтор на подкастот наречен „Зад римите“, кој има четири сезони, а го имаат и YouTube каналот наречен 2Randos, на кој, меѓу другото, визуелно се претставени некои од неговите дела.
Промотор на неговото творештво ќе биде неговата животна сопатничка и новинар Маја Трајковска, а свои обраќања ќе имаат и директорката на Библиотеката, Христина Трпеска и вишиот библиотекар Милчо Јованоски.

Работилницата ја водеа професорките по англиски јазик Ана Коваческа и Даниела Спироска.
Настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја“ во 11 часот и отворен е за сите.
OhridNews











