Проектот кој го иницираше Билатералниот секретаријат при МЖСПП е дел од проектот за заштита на биодиверзитетот на езерата во Дримскиот Басен кој е финансиски поддржан од германското друштво за соработка ГИЗ.
Во спроведувањето на проектот учествуваат преставници од Министерството за животна средина, Локалната самоуправа Охрид, научните институции, како и претставници на невладиниот сектор.
На утрешниот промотивен настан според Агендата ќе бидат поделени информативни материјали, а Проектот ќе биде инаугуиран од страна на Министерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија Абдилаќим Адеми. На настанот за значењето на Проектот ќе говори и г-дин Ралф Певелинг од Германското друштво за соработка (ГИЗ) кој е финансиер на Проектот и Дејан Пановски од Билатералниот Секретаријат како носители на активноста.