Со свеченост, што ќе се одржи во селото Црвена Вода, охридско, утре, ќе биде одбележана 70 годишнината од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ.   

 

-Во 1943 година во Црвена Вода е донесен  Манифестот на Главниот штаб на чело со генералот Михајло Апостолски. Во него е претставена платформата на НОБ и македонската државност на Македонија , а Манифестот е потпишан од сите членови на Главниот штаб со полни имиња и презимиња, со што се симнаа сите сомнежи наметнати од тогашната пропагандата дека во Македонија не се борат Македонци, со цел да се минимизира народно–ослободителната борба, посочуваат историчарите.

Прославата ќе се одржи во дворот на училишната зграда, местото на издавањето на Манифестот. Пригодно обраќање ќе имаат градоначалникот на општина Дебарца – Игор Трајкоски и Гоце Георгиески, претседател на Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија (1941 – 1945) и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебарца.

Свеченоста ќе биде збогатена со културно-уметничка програма.

OhridNews