Партијата Демократски сили на Ромите, огранок Охрид, утре, ќе го одбележи 8- ми април, Светскиот ден на Ромите.
 
– Наша основна цел и желба е побрза интеграција во општествениот систем, подигнување на образовната и културна свест, намалување на сиромаштијата и севкупниот просперитет на Ромите во Македонија, вели претседателот на општинскиот огранок на партијата, Фејзо Шемо.
 
Меѓународниот ден на Ромите 8 април се слави на речиси сите континенти. Во 2007 год. по предлог амандман од тогашниот ромски пратеник, М-р Шабан Салиу, кој беше усвоен од страна на владата, започна 8-ми Април да се одбележува како државен празник и неработен ден на Ромите во Македонија.

Од министерството за труд и социјална политика информираат дека согласно со Законот за празниците на РМ,  8 април 2014 година (вторник), е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

OhridNews