Долгоочекуваниот Охрид Мол утре ги отвора вратите за посетителите во 14:30 часот. Брендовите што се дел од молот се погрижија за редица изненадувања и големи попусти за сите.
Охриѓани, но и населението од регионот за прв пат ќе имаат можност во својот град да купат модни парчиња од познати модни брендови како “NewYorker” и “Sinsay”, потоа “D Sport” кој ќе биде најголемата спортска продавница во Охрид, како и еден од најголемите ланци на дрогерии во Европа, “DM drogerie markt”.
Дел од Охрид Мол ќе бидат и познатиот македонски ланец на маркети “Жито”, “Meга Фешн” – мултибренд аутлет на брендовите од групацијата Inditex – Zara, Massimo Dutti, Bershka и сл, “Office Plus”, “Duki Daso”, “Sara Fashion”, “Виа Фарм”, експозитура на Хaлк Банка, тобако продавница “La Familia”, парфимерија “Piano”, “IQOS”, “Umbrella”.
Во однос на забавните содржини, “Уно” – досега најголемата игротека во градот со површина од преку 1.300m2 и вклучен lounge бар, ќе обезбеди забавно и безбедно катче за семејствата и нивните најмали членови, со таргетирана група од 2-13 годишна возраст. Дополнително, забавните содржини ќе ги збогати и “Playpark”, добро познат турски бренд, кој ќе понуди интересни активности за децата од школска возраст, односно над 7 години.
Од областа на гастрономијата, “Nocciolino Lounge Bar”, ќе биде место за релаксација на посетителите, нудејќи италијански вкусови на храна.
Со површина од над 17.000 м2 и внимателно одбрани содржини усогласени со потребите на потрошувачите, новиот трговски центар во Охрид се очекува да го редефинира концептот за пазарување, но и да има позитивно влијание врз локалната економија и развојот на овој дел од градот.
OhridNews