Ј.П.”Охридски Комуналец” на 17 април, сабота ќе организира акција за подигање на кабаст отпад, како што се стар мебел, стари апарати за домаќинство и друга неупотреблива покуќнина. Акцијата ќе се спроведува во населбите: “Центар”, “Воска”, “Горна Влашка Мала”, “Христо Узунов”, булевар “Туристичка” и ул. “Јане Сандански”.
Граѓаните кои живеат во овие делови од градот, доколку имаат ваков отпад, истиот треба претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 , за да можат екипите на Ј.П.”Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат.











