Во организација на општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, утре, четврток, ќе се одржи манифестацијата „Чекориме за безбеден сообраќај“.Настанот ќе започне во 12 часот и 15 минути пред детската градинка „Јасна Ристеска“.

Во рамките на манифестацијата „Чекориме за безбеден сообраќај“, предвидени се следниве активности: собирање на сите учесници пред централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“, по што ќе се одржи дефиле на учесниците (деца од градинките, ученици од основните и средните училишта, советници и други претставници на локалната самоуправа, Црвен крст-Охрид, територијалната противпожарна единица, авто-школите, пензионери, лица со посебни потреби,  велосипедисти) од градинката до општинската зграда,ќе се продолжи по „Кузман Јосифоски Питу“ на пресекот со „Партизанска“ кон центарот за култура „Григор Прличев“, каде во 12.30 ќе има пригодна програма.

Со проектот „Чекориме за безбеден сообраќај“, ќе се заокружат активностите на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид за 2015 година.

OhridNews