Најавената средба за надминување на меѓуетничките тензии во струшко, помеѓу градоначалниците на општините Струга и Вевчани, е закажана за утре со почеток во 11 часот во хотел Амбасадор кај Подмоље, информира организаторот на средбата-  Секторот за внатрешни работи- Охрид.

Заедничкиот состанок на градоначалниците на Струга и Вевчани, Рамиз Мерко и Перо Илиески и нивните работни тимови,  ќе значи дијалог кон зацврстување на меѓусебното разбирање, продолжување на меѓусебното почитување, но и градење на пријателски односи кои ќе бидат позитивен пример за сите граѓани, без разлика на верата и етничката припадност, велат од СВР.

Во севкупните мерки за решавање на последните проблеми, СВР Охрид, реализира неколку состаноци на советодавните групи граѓани, на локалните совети за превенција како и на невладини организации во Струга, Вевчани, Октиси и Лабуништа.

OhridNews