Утре, вторник, во големата сала на општина Охрид со почеток во 12 часот, градоначалникот  Јован Стојаноски  и надлежните  служби, заедно со претставници на УЈП, Државен пазарен инспекторат и  СВР Охрид ќе одржат работна средба со угостители, тезгаџии и останати корисници на урбана опрема.

На средбата со сите чинители во туристичката дејност кои користат урбана опрема ќе се разговара за проблемите со кои тие се соочуваат и подготвителните активности  пред почетокот на туристичката сезона.

OhridNews