Втората сезона од популарната веб комедија „Идиотека“, од утре ексклузивно ќе започне да се емитува на OhridNews. Љубителите на хуморот ќе имаат можност во втората сезона да видат 15 епизоди кои премиерно ќе се емитуваат во петоците.

„Идиотека“ е авторски проект на познатиот охридски актер Никола Тороски, а се реализира во продукција на OhridNews. Новиот серијал се снимаше во адаптирано студио во ексклузивниот продажен центар за мебел „Еуросалон“ во Охрид,  во најнова дигитална технологија во соработка со „Мега“ продукција.

Втората сезона на „Идиотека“ ќе се емитува во HD формат.

OhridNews