Утре, 15-ти август, со почеток од 17 часот, Охридското Езеро повторно ќе биде местото каде што брзината, тимската координација и креативноста ќе се спојат во една поинаква трка … со педалинки!
Red Bull Педалинка, во склоп на Ohrid Water Festival, по трет пат пристигнува на старото пристаниште во Охрид, каде тимови од четворица ќе се соочат во динамичен натпревар со педалинки, исполнет со брзи пресврти, директни дуели и забавни предизвици.
На изминатите две изданија, публиката беше сведок на одлична тактичка спремност на тимовите, екстра креативни тимски маски и борбеност кај сите натпреварувачи. Форматот на оваа уникатна трка ги предизвикува учесниците што побрзо да стигнат до целта, каде двајца од тимот напред вртат на педали, а другите двајца веслаат на колена од задниот дел на педалинката.
Учеството на натпреварот е без котизација, а потребен е тим од четворица полнолетни учесници, каде барем еден во тимот е од спротивен пол.
На третото издание на Red Bull Педалинка, како и секоја година, тимовите ги очекуваат награди за прво и второ место. Покрај натпреварувачкиот дел, тимовите исто така повторно имаат можност да ја покажат и својата креативна страна, натпреварувајќи се со тимски маски, со кои влегуваат во игра за избирање на наградата ‘најдобра тимска маска’, велат организаторите.
Пријава и сите информации во врска со Red Bull Педалинка на линкот.
Екипата на Охрид претрпе висок пораз во натпреварот од 5-то коло од Супер лигата Вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје Вардар убедливо славеше над Охрид 27:18, полувреме 14:6 Избраниците на ...
Во согласност со Годишната програмата за работа на ШК Ласкер Охрид, финансирана од Општина Охрид, во ООУ Братство Единство Охрид,се одржа XI Младинскиот турнир во шах ЛАСКЕР 2026 кадети, за ученици...
Во рамки на 5-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид денес гостува во Скопје кај РК Вардар Ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан најави дека ќе го дадат максимумот за постигнување на добар р...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.