Како што рече д- р Бакрачески, охриѓани заслужуваат поинаков Охрид, Охрид заслужува подобра иднина,а светот и иднината го заслужуваат Охрид во сиот негов сјај.
– Да се сака Охрид значи неуморно да се работи за негово добро, да се сака Охрид значи бескомпромисна борба за секој камен од неговото минато и јасна визија за иднината. Да се сака Охрид значи да се направи се што е потребно за да им се остави на генерациите по нас Охрид со сиот свој сјај. Верувам дека заедно можеме да се посветиме на таа мисија, да го упатиме Охрид и неговиот развој во вистинска насока, рече Бакрачески .
Како што истакна кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ, време е да се отвори нов прозорец на можности за охриѓани и храбро да се преземе одговорноста за неотпочнатите и незавршените работи, за усовршување на заедницата и градење на подобар Охрид.