Утре, 23 август, во Струга ќе се одржи Националното првенство во триатлон, традиционален настан во организација на „Triathlon 3Disciplines Struga“, со техничка поддршка од Триатлон федерацијата на Македонија и Општина Струга.

За непречено и безбедно одржување на натпреварот, сообраќајот на улицата „Партизанска“ ќе биде затворен од 07:30 до 13:00 часот, на делницата: од кружниот тек кај Универзитетот ФОН до кружниот тек кај „Еуро Хотел“. Ограничувањето на сообраќајот е неопходно за безбедно одвивање на дисциплините пливање, велосипедизам и трчање, велат од Општина Струга.

Воедно, ги повикуваат граѓаните и сите учесници во сообраќајот да покажат разбирање и да ги почитуваат привремените сообраќајни ограничувања.

OhridNews