Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег, кои ќе бидат пообилни попладне. Во вечерните часови врнежите ќе преминуваат во снег, особено на повисоките места. Преку ноќта ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура во Охрид ќе биде 2, а максималната 7 степени.
Во сабота ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец.
Во недела утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и тивко.
За време на викендот максималната температура во Охрид ќе е од 8 до 9 степени, а минималната од -2 до 1.
OhridNews












