Во рамки на програмата на Општина Охрид, Културата расте со децата „За сите деца“, утре ќе биде прикажана детската претстава „Црвенкапа“ работена според оргиналната приказна на Браќата Грим кој претставува култно дело во светската детска литертура.

Целосната приказна „Црвенкапа“ е целосно адаптирана во театарска претстава и ги задржува оргиналните делови и секако оргиналните ликови: Црвенкапа, бабата, волкот и ловџијата. Низ многу убави театарски моменти, познати за децата, оргинални костими, сценографија и музика, педагошки, интерактивни и комични моменти ќе се приреди една оргинална театарска хит претстава каде децата ќе ја слушнат и до нив ќе допре и јасно ќе биде упатена пораката на Црвенкапа, а таа гласи: Јас ги исполнувам своите обврски и само така ќе биде исполнето секое мое право. Само така можам секому да кажам „здраво“, информираат организаторие.

Посочуваат дека низ претставата „Црвенкапа” врз основ на оргиналната приказна се додадени елементи кои се се врзани со правата и обврските на децата.

Почетокот на претставата е во 19:00 часот во Трговскиот центар Охрид мол, а влезот е бесплатен.

OhridNews