Утре, на 21 декември 2012 година, во 12 часот и 12 минути, во Република Македонија и на северната полутопка почнува зимата. Во исто време за жителите на јужната полутопка почнува летото.

Во тој момент, на северната полутопка сончевите зраци ќе паѓаат најниско над хоризонтот, а највисоко ќе бидат на јужната полутопка, односно над јужниот пов-ратник.

Утре на северната полутопка ќе биде најкусиот ден во годината, а на јужната полутопка ќе биде најдолгиот ден. Во Македонија, најкусиот ден ќе трае 9 часа и 7 минути.

Зимата на северната полутопка е најкратко годишно време и трае околу 88 дена, два до три дена покусо од другите годишни времиња.

Зимата ќе заврши на 20 март 2013 година во 13 часот и две минути, за време на пролетната рамноденица.