Во Центарот за култура „Григор Прличев“  утревечер, со почеток во 20 часот, премиерно ќе биде прикажана монодрамата на Гогољ, „Дневникот на лудиот“ во изведба на актерката Билјана Танески, а во режија на Небојша Тодоровски.

Монодрамата репризно ќе биде изведена во петок  .

Цена на картата за монодрамата е 100 денари.

Билјана Танески е актерка која излезе од
стегите на транзицијата уште во раните 90-ти години. Првата претстава во
која толкувала улога е „Подземна Република“, со која ги освои сите можни
награди на ова наше поднебје. Има голем број настапи на филмското платно
како и на сцените ширум земјава. Неколку години го има водено
Македонскиот Народен Театар, а соработки имала со врвните македонски
актери како Мето Јованоски, Кирил Ристовски, Васил Шишков, Тони
Михајловски и други. Во 1993 година дипломира на академијата за драмски
уметности во класата на Владимир Милчин.

OhridNews