Во текот на утрешниот ден на територијата на Општина Охрид ќе се врши теристичка (од земја) дезинсекција против комарци.

Заради тоа се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на Општина Охрид да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите, а до граѓаните се апелира во посочениот период за кога е предвидено запрашувањето да избегнуваат движење на посочениот опфат.
Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
OhridNews










