Утревечер ќе се случи целосно затемнување на месечината, настан што ќе биде видлив и од Македонија, информираат од Скопското астрономско друштво.
Затемнувањето ќе се случува во периодот од 19:24 до 01:01 часот. Месечината целосно ќе биде навлезена во сенката од земјата во периодот од 21:22 до 23:02 часот.
Набљудувањето, како што соопштуваат од друштвото, може да се врши со голо око, или од двоглед или телескоп.
извор: Makfaks











