Во целата држава утринава се измерени температури под нулата, освен во Гевгелија каде температурата е два степена над нулата. Во Охрид утрово се измерени -8 степени Целзиусови.
Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено е во Битола каде се измерени -13 степени по што следуваат Крушево со -11 и Берово, Претор и Дебар со -9 степени. Како и во Охрид -8 степени се измерени во Тетово, Прилеп и Пожаране, во Ѓуриште -7, во Крива Паланка и Виница -6, во Струмица и Куманово -4 и во Скопје на Зајчев Рид, во Штип и во Демир Капија -2 степена.

За денеска синоптичарите најавуваат сончево и студено време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Кон крајот на денот ќе настапи зголемување на облачноста. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени.
OhridNews













